Фото: EPA/ERDEM SAHIN

Евролига: Фенербахче по драма го урна Виртус и ѝ помогна на Црвена звезда

Кошаркарите на Виртус од Болоња беа поразени во 23 коло од Евролигата од Фенербахче, кој победи со 85:80, а Тејлен Хортон Такер, кој постигна 28 поени и беше најефикасен меѓу актуелните европски шампиони, беше најзаслужен за триумфот на турскиот тим.

Екипата на Душко Ивановиќ имаше предност од еден поен на крајот, но следуваше слаба игра во одбраната, што беше казнето од Хортон Тејкер со забивање, а потоа и со тројка со која Фенербахче отиде на плус четири.

Веднаш потоа, Карсен Едвардс одговори со брза тројка и ја врати разликата на една, па добивме драма.

Се влезе во изведувањето на слободни фрлања, каде што Тарик Биберовиќ беше прецизен од линијата четири пати. Карсен Едвардс, кој беше најефикасен со 35 поени, на крајот беше трагичар, откако промаши два удари за тројка за продолжение.

Овој меч го следеше во живо во салата тренерот на српскиот клуб Црвена звезда, Саша Обрадовиќ, кој го анализираше следниот ривал, додека на трибините беа и Коди Милер Мекинтајер и Чима Монеке.

Со оваа победа, Фенербахче стигна до учинок од 15:7 и е израмнет на второто место, а всушност има еден натпревар помалку од Монако, Валенсија и Реал, па затоа е и во предност. Виртус од Италија сега е на биланс од 11 победи и 12 порази, што е добра вест за Црвена звезда, бидејќи тие се најблиску до белградските „црвено-бели“ во борбата за Топ 10 на евролигашката табела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот