Евроинтеграциите ќе се забрзаат, без попречувања од билатералните спорови, уверува Шолц

epa11231238 German Chancellor Olaf Scholz

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави нова, посилна динамика на евроинтеграциите на Западен Балкан но без истата да биде попречена од билатералните спорови. Тоа значи дека Македонија мора да го испорача ветеното кон соседна Бугарија, односно внесување на Бугарите во Уставот како би се решило, се уште, отвореното прашање со Бугарија.

Шолц порача дека земјите од Западен Балкан мора да се свесни дека нивната интеграција зависи од реформските чекори.

„Ова се однесува, на пример, на прашањето како да се внесе живост во процесот со Северна Македонија, а да не го попречуваат спорови меѓу земјите-членки. Тоа важи и за прашањето Србија-Косово, а секако и за прашањето како да се продолжи со Босна и Херцеговина“, објасни Шолц.

Тој додаде дека ЕУ сега нема само да стои настрана како набљудувач, туку конкретно ќе се обиде да постигне напредок во неопходните реформи во БиХ.

„За сите кои се надеваат на членство во ЕУ, важи дека тоа не е процес на одлучување заснован на геополитика, туку процес кој секогаш е поврзан со конкретни реформски чекори. Ова важи за земјите од Западен Балкан, а се однесува сосема конкретно и за Молдавија, Украина и Грузија. И сите ќе помогнеме да се постигне напредок што е можно побрзо“, рече Шолц.

Германскиот канцелар оцени и дека Берлинскиот процес, кој го воспостави неговата претходничка Ангела Меркел, се потврди како инструмент за зајакнување на конкретната соработка на Западен Балкан и најави дека оваа соработка ќе се интензивира за да се постигне напредок во целиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот