Евро 2024: Заврши сонот за Фарски Острови, БиХ уште еднаш ги разочара навивачите

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Селекцијата на Фарски Острови која ги собра симпатиите со своите настапи на ова Европското првенство не успеа да приреди изненадување против Полска и беше поразена 32:28.

Дебитантот на Европското првенство можеше да се надева на пласман во следната фаза со триумф, меѓутоа денес веројатно беше клучно искуството на Полска. Изедначено беше во најголем дел од натпреварот, а на пауза се замина со 15:15.

Во завршницата Полска беше подобра на теренот и не дозволи изненадување. Сичко и Шипаж беа најефикасни со по девет гола кај Полска, додека Теигум за Фарски Острови постигна десет, девет имаше Елфсен.

Чешка во натпреварот за престиж и борбата за третото место убедливо ја совлада Грција со 29:20 и така го заврши ЕП со победа. Натпреварот тука беше решен уште во првото полувреме кое Чешка го доби со 15:8.

Босна и Херцеговина одигра уште еден слаб натпревар и го заврши настапот со три порази. Грузија која како и Фарски Острови беше дебитант ги победи со 22:19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот