Еве кои се загинатите српски пилоти во несреќата при падот на авионот МиГ-21

Фото: Српско министерство за одбрана

Пилотите мајор Дејан Крсник и капетанот на прва класа Звонко Васиљевиќ од 101-та ловечко-авијацијска ескадрила на 204-та воздухополовна бригада на војската на Србија починаа при падот на авионот МиГ-21  во близина на Мали Зворник, соопшти српското министерство за одбрана, пренесува Недељник.рс.

Пилотот мајор Дејан Крсник, командир на 4-то авијацијско одделение на 101-та ловечко-авијацијска ескадрила, бил роден на 28 мај, 1971 година во Белград. Тој во професионална воена служба бил од 30 јули 1994 година. Оженет е и татко на едно дете.

Пилотот капетан од прва класа, Звонко Васиљевиќ, помошник командант за разузнавачко-извиднички работи на 101-та ловечко-авијацијска ескадрила, бил роден на 3 октомври 1977 година во Лозница. Во професионална воена служба бил од 29 септември 2001 година. Оженет е и татко на две деца.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ упатиле сочувство до фамилиите на загинатите пилоти.

Авионот МиГ-21 бил прегледан пред полетување во склад со сите процедури и по прегледот било констатирано дека нема проблем и е спремен за лет, наведува Министерството за одбрана.

Тој се срушил денеска околу 9.10 часот при извршување на редовни летачки задачи.

MО на Србија ја потврди смртта на двајцата пилоти при падот на авионот МиГ-21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот