Еве кои се шесте затемнети имиња во досиејата за Епстин, што ги откри конгресмен

Американскиот конгресмен Ро Кана вчера јавно соопшти имиња на шестмина моќници чиишто идентитети досега биле прикриени во дел од документите поврзани со Џефри Епстин, меѓу кои и милијардерот и сопственик на малопродажна империја Лесли Векснер, за кого ФБИ наводно проценило дека бил можен соучесник. И покрај тоа, против ниеден од наведените луѓе не се поднесени обвиненија, објави „Гардијан“.

Кана ги објави имињата за време на обраќање во Конгресот, по посетата на Министерството за правда, каде што заедно со републиканскиот пратеник Томас Маси од Кентаки имал увид во делумно редактираните документи поврзани со случајот Епстин. Двајцата пратеници поминале околу два часа прегледувајќи ги материјалите, по што посочиле дека во дел од нив неоправдано се сокривале идентитети.

Меѓу откриените имиња е Лесли Векснер, долгогодишен деловен партнер на Епстин, кој во минатото одиграл значајна улога во неговиот финансиски подем. Иако неговото име и претходно се поврзуваше со случајот, ФБИ наводно го навело како можен соучесник, но против него досега нема покренато обвинение.

На списокот се најде и бизнисменот од Дубаи, Султан Ахмед бин Сулајем, извршен директор на логистичкиот гигант „ДП ворлд“ и брат на претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем. Во документите се појавуваат електронски пораки меѓу него и Епстин од 2015 година со спорна содржина, но нема индикации за криминална одговорност.

Пем Бонди се испокарала со конгресмените на сослушувањето за Епстин: „Вие тука го напаѓате Трамп!“

Останатите имиња – Никола Капуто, Салваторе Нуара, Зураб Микеладзе и Леоник Леонов – во моментов не можат јасно да се поврзат со конкретни личности или со докажани врски со Естин, а реномирани медиуми немаат потврда за нивната инволвираност во случајот.

Кана нагласи дека доколку за само два часа биле откриени шесте претходно затемнети имиња, може да се претпостави дека во милионите страници документација има уште многу прикриени информации.

Според него, по укажувањето на неправилностите, претставници на Министерството за правда признале дека дел од редакциите биле направени по грешка и потоа ги откриле имињата, иако голем дел од материјалите сè уште се делумно затемнети.

Џефри Епстин во 2008 година призна вина за наведување малолетничка на проституција и одлежа 13 месеци затвор, а во 2019 година почина во затвор во Њујорк, причината за смртта официјално прогласена како самоубиство, додека чекаше судење за трговија со луѓе.

ГАЛЕРИЈА: Досега непозната и морничава приказна за Џефри Епстин, раскажана од фотограф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот