Евалуацијата на Оксфорд вакцината против Ковид-19 до крајот на годината

Фото: EPA

Почетокот на процесот на евалуација на експерименталната вакцина против Ковид-19, изработена од Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека”, може да биде побарана од надлежните органи до крајот на годината, доколку научниците можат да соберат доволно податоци.

Лидерот на научниот тим од Универзитетот во Оксфорд,  кој работи на развој на вакцината, Ендру Полард, за радио „Би-Би-Си” изјави дека барањето дозвола за вакцината во текот на оваа година ќе биде можно доколку брзо се зголеми бројот на случаи опфатени со клиничките испитувања, пренесуваат британските медиуми.

-Во такви услови научниците ќе имаат доволно податоци за да излезат предц надлежните органи, по што ќе следи и процесот на евалуација, рече Полард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот