Еуроњус: Данците издвојуваат дури 55,9 отсто за данок на доход, Македонците само 10!!
Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија имаат најнизок данок на доход во Европа и тој изнесува само 10 проценти. Даночните оптоварувања значително се разликуваат низ Европа, а се повисоки во западноевропските, поразвиени земји.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според американската „Даночна фондација“, во 2022 година, европските работници со просечна плата издвојуваат една третина од својата плата за даноци. Како што јави Еуроњус, земјите со најголем данок на доход се Данска (55,9 отсто), Австрија (55 отсто), Португалија (53 отсто), Шведска (52,3 отсто) и Белгија (50 отсто), пренесува Кликс.ба.
Еуроњус пишува дека пониските даночни стапки во Југоисточна Европа, што важат и за БиХ, се начин за привлекување инвестиции. Се смета дека станува збор за земји со поевтина работна сила, пониски производствени трошоци и неискористени можности. Некои од земјите на југоисточниот дел на континентот имаат најбрзо растечки економии. Сепак, некои земји, вклучително и Романија, се обидуваат да ги зголемат даноците за вработените во ИТ секторот. Дополнително, се прават напори за укинување на ослободувањата од здравственото осигурување во градежништвото, прехранбениот и земјоделскиот сектор со цел да се зголемат даночните приходи.
Изненадувачки е што голем број Данци немаат ништо против да плаќаат голем данок на доход, бидејќи го сметаат за инвестиција во колективната иднина на државата и општеството или начин да се обезбеди одреден квалитет на живот. Треба да се напомене дека минатогодишниот извештај за среќата во светот ја рангираше Данска како втора најсреќна земја во светот четврта година по ред. Високите даноци обезбедуваат секој поединец да има еднакви можности, што значително ги намалува економските и социјалните оптоварувања. Високото образование е главно бесплатно, а поддршката продолжува на работното место, каде што вработените имаат право на 52 недели родителско отсуство, од кои 32 недели ги плаќа државата.
Состојбата во Шведска е слична на онаа во Данска – на населението не им пречи што скапо плаќаат јавни услуги. Шведската даночна агенција е една од најдоверливите и најпочитуваните агенции во земјата. Причината за тоа е што оваа институција е вклучена во речиси секој аспект од животот на граѓаните.


