„Еуроникел индустри“: Крадењето техничка вода носи ризик за производството

Несовесни луѓе со незаконски приклучоци на технолошката вода предизвикуваат штета и се закануваат на производствениот процес, алармираа од кавадаречката компанија „Еуроникел индустри“.

Оттаму велат дека со вакви незаконски дејства се предизвикува материјална штета на компанијата и се преземаат соодветни постапки.

„Повикуваме со должно внимание да се пристапи на оваа состојба, како би се спречиле несакани последици и би се избегнале загуби и инциденти во технолошко-производствениот процес“, известија од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот