Еурофарм Пелистер го совлада Олимпијакос и е победник на турнирот „Крсте Андоновски“

фото: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер е победник на вториот меморијален турнир во ракомет „Крсте Андоновски“ кој се одржа во Охрид.

Актуелниот македонски шампион во финалето на турнирот го совлада Олимпијакос од Грција со резултат 27:24.

Играчот на Еурофарм Пелистер Ненад Костески е прогласен за најкорисен играч на турнирот (МВП).

Клубот од Битола во претходните натпревари од турнирот славеше против РК Бутел Скопје (32:21) и Татран Прешов од Словачка (29:24), а загуби од Металопластика од Србија со 26:27.

Претходно во драматичен натпревар за третото место, кој заврши со пенал рулет, ГРК Охрид загуби од Татран Прешов 33:32. Словаците го освоија третото место, а ркаометарите на Стевче Алушовски завршија на четвртата позиција на силниот турнир пред Металопластика, турскиот Бешикташ, Голден Арт и Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот