ЕУ во одбрана на нуклеарниот договор со Иран откако Трамп ја повика Европа да го напушти

САД се повлекоа од нуклеарниот договор во 2018 година и ги вратија санкциите кон Иран.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска го бранеше нуклеарниот договор со Иран и го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани да не презема какви било „повратни дејства”.

– Договорот беше значителен успех по 10 години интензивни меѓународни преговори и останува важен инструмент за регионалната стабилност – се наведува во соопштението од Канцеларијата на Мишел.

Во телефонски разговор со Рохани, Мишел ја истакна посветеноста на ЕУ да ги намали тензиите по лансирањето ирански ракети во ирачките бази каде се распоредени американски трупи.

– ЕУ има свои интереси и визија – се наведува во соопштението и се додава дека Мишел го повикал иранскиот претседател да се воздржи од повратни дејствувања.

Трамп ја повика Европа да го напушти договорот за нуклеарна програма во Иран, потпишан во Виена во 2015 година. САД се повлекоа од него во 2018 година и ги вратија санкциите кон Иран. Велика Британија, Франција и Германија продолжуваат да бидат дел од овој договор, како и Русија и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот