ЕУ разгледува драстични мерки: Оние кои одбиваат вакцинација, сами ќе си плаќаат трошоци за лекување

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош откри дека Европската унија размислувала лицата кои одбивале вакцинација против коронавирус, самите да мораат да си ги платат трошоците за лекување доколку се заразат, пренесува Н1.

Тој денеска најави нов пристап во кампањата за имунизација во Хрватска, при што наведе дека експерти ќе предаваат за најновите сознанија, ќе одговараат на прашања и ќе ги решат сомнежите на оние кои не сакаат да се вакцинираат.

– Предавањата ќе бидат задолжителни, бидејќи тие се одржуваат како дел од образованието за безбедност при работа, истакна Берош.

Министерот истакна дека во ЕУ веќе размислува оние што ќе ја одбијат вакцината да ги сносат трошоците за лекување, додавајќи дека Хрватска нема да се движи во таа насока.

“Во Европската унија веќе се размислуваше оние кои одбиваат да бидат вакцинирани да ги сносат  трошоците за лекување. Во Хрватска, ние не одиме во таа насока. Државата ќе плати за нивното лекување, но зошто нашите парите да одат за третман на некој што можел да се заштити?“, рече Берош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот