ЕУ ја одбележа годишнината од почетокот на војната во Украина, и претседателката Сиљановска Давкова беше на настанот
Во просториите на делегацијата на Европската унија во Скопје денеска беше одбележана тригодишнината од руската воена агресија врз Украина. Настанот го организираше Украинската амбасада, а говореше амбасадорката Лариса Дир, пренесе СДК.мк.
Препорачано
На настанот присуствуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за европски прашање Орхан Муртезани, заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, амбасадорката на САД Анџела Агелер и евроамбасадорот Михалис Рокас.
Со едноминутно молчење и изјави од присутните, беше испратена порака за поддршка на Украина.
„Храброста има име, а тоа е Украина. Ние сме со Украина сè додека е потребно“, објави на „Фејсбук“ делегацијата на Европската унија во земјава.
Генералното собрание на ОН денеска не ја одобри американската резолуција со која се бара крај на војната без да се спомене агресијата на Русија. Македонија, заедно со Унгарија, Грузија и Израел, e коспонзор на овaa резолуција на САД. Генералното собрание ја одобри ривалската украинска резолуција поддржана од Европа, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.


