ЕУ го осуди нападот во Конго во кој загинаа две лица, меѓу нив и италијански амбасадор

Фото: HUGH KINSELLA CUNNINGHAM / EPA

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и Европската Комисија на најостаро го осудија денешниот напад врз конвојот на Обединетите нации во Конго, при што загинаа две лица меѓу кои и италијанскиот амбасадор, јави МИА од Брисел.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изјави дека е „шокиран” од веста дека се за загинатите во источен Конго.

„Безбедноста и мирот мораат да бидат осигурани: ЕУ ќе остане на страна на Конго и нејзиното население. Сочувство до семејството на амбасадорот, напиша Мишел на Твитер.

Напад врз конвој во Конго: Две лица загинаа, меѓу нив и италијанскиот амбасадор

Европската Комисија попладнево исто така изрази сочувство во име на институцијата.

Набила Масрали, портпарол за надворешни работи на ЕК, рече дека за случајот во овој момент се дискутира на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот