Напад врз конвој во Конго: Две лица загинаа, меѓу нив и италијанскиот амбасадор

Фото: HUGH KINSELLA CUNNINGHAM / EPA

Во денешниот напад на конвој на ОН во источен Конго, починаа две лица – италијанскиот амбасадор и еден војник кој бил во негова придружба.

Лука Атанасио загина во Националниот парк Вирунга додека патувал како дел од конвој, рекол портпаролот на паркот за италијанските медиуми, додавајќи дека нападот е обид на киднапирање на дипломати на ОН.

Ројтерс пренесува дека италијанското министерство за надворешни работи потврдило дека амбасадорот Атанасио починал во болница, откако бил ранет во нападот и изразуваат длабоко жалење за неговата смрт.

Во околината на паркот Вирунга, кој се наоѓа долж границата на Конго со Руанда и Уганда, дејствуваат неколку вооружени групи и често ги напаѓаат ренџерите кои го чуваат националниот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот