Етан Хап: Имаме добри таленти, среќен сум што повторно ќе играм за Македонија
Maкедонската кошаркарска репрезентација утре ја очекува натпреварот со Луксембург во претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, а за овој дуел селекторот Жозеп Марија Баркола ќе смета на Етан Хап во рекетот.
Препорачано
Повредите го спречија да го продолжи оној континуитет на добри игри во дресот на Македонија. Но овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нов простор на Американецот кој во овој момент е дел до шпанскиот АЦБ лигаш Бургос, да го направи тоа.
„Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Сè уште има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот. Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. Но, новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим“ , изјави Хап.
Со оглед на тоа дека долги години е дел од најсилната шпанска лига и воопшто во Европа, Хап е запознат со тоа како работи новиот предводник на селекцијата на Македонија, Жозеп Марија Берокал.
„Очигледно, тренерот е нов, и тој е шпански тренер. Знам за него и тој знае за мене. И досега имплементираше неколку добри работи и стратегии за играта. Кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и да ги следиме неговите упаства. Тимовите се тие со кои играме, веројатно и ќе се променат и ќе го сменат стилот. Но, сега е многу поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за натпреварот да знаеш дека си подготвен да дадеш 100% од себе“, порача македонскиот репрезентативец.
Натпреварот помеѓу Македонија и Луксембург е закажан за 18:00 часот.
Берокал ги одбра финалните 12 кошаркари за натпреварот со Луксембург
Петков: Верувам дека ќе изгледаме добро, и дека ќе го победиме Луксембург
Јакимовски: Луксембург има добри кошаркари, но нашиот фокус е само на нас


