ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите од Автокоманда
ЕСМ Снабдување со топлина денеска ги извести потрошувачите од Автокоманда дека во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Енергетика: Овие податоци им се потребни за изработка, достава и наплата на фактурите.
Препорачано
Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот АД ЕСМ подружница Енергетика – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина, како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија — се вели во соопштението од ЕСМ.
Оттаму информираат дека ЕСМ Снабдување со топлина во иднина ќе биде контролор на личните податоци, кои ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.
Од ЕСМ упатуваат сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нивните услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.


