Ескобар: Меѓувладина конференција за С. Македонија на крајот на декември или во јануари

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Соединетите Американски Држави се надеваат дека првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија може да се случи оваа година, а ако не – тогаш што е можно побрзо следната година, вели шефот за Западен Балкан во американскиот Стејт департмент, Габриел Ескобар, во интервју за „360 степени“ кое ќе биде емитувано вечерва.

Ескобар денеска пристигна во неговата прва посета на Скопје по преземањето на новата функција во хиерархијата на американската дипломатија.

„За ова да се оствари, САД се во контакт со сите свои европски партнери“, вели Ескобар.

Видео на денот