Ерменија бара од Европскиот суд Азербејџан да ги запре нападите врз цивили (ФОТО)
Ерменската Влада побара од Европскиот суд за човекови права да побара од Азербејџан да ги запре нападите врз цивили, како и воените напредувања кон цивилните населби во Ерменија и Нагорно Карабах.
Судот со седиште во Стразбур соопшти дека го испитува барањето.
Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогајан, денеска изјави дека околу 30 ерменски државјани се убиени во судирите меѓу ерменските и азербејџанските вооружени сили во Нагорно Карабах.
-Информациите за жртвите варираат, а според неодамнешните податоци, ерменската страна има околу 30 жртви и тие главно се припадници на армијата, рече ерменскиот амбасадор за радио „Ехо на Москва”.
Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за напади врз цивилни цели во последниот конфликт во Нагорно-Карабах.