Ердоган во февруари во посета на Ријад, првпат по свирепото убиство на новинарот Кашоги

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган/ Фото EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV/

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе ја посети Саудиска Арабија во февруари, а ова ќе биде негова прва посета на земјата по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година.

– Ме очекува во февруари. Ми вети. Во февруари ќе ја посетам Саудиска Арабија, рече Ердоган, алудирајќи на саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман.

Ова ќе биде прва посета на Ердоган по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој беше убиен од група од неколку лица испратени од Ријад во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година.

Кашоги, остар критичар на саудиските власти, беше колумнист на Вашингтон пост.

Ердоган тогаш ја обвини саудиската Влада дека го наредила убиството, додека односите меѓу Анкара и Ријад се влошија една година претходно, во 2017 година. Тогаш Саудиска Арабија им нареди на арапските земји да ги прекинат дипломатските односи со Катар, кој е близок сојузник на Турција.

Сепак, Ердоган во последните месеци се обидува повторно да воспостави врски со регионалните сили, и во декември истакна дека сака да се развијат односите со сите земји од Заливот, пренесува Бета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот