„Епл“ и годинава е највредниот светски бренд, „ТикТок“ лани добил најмногу вредност
„Епл“ втора година по ред е највредниот бренд на светот, откако неговата вредност лани се зголемила за 11 отсто, на 547,5 милијарди долари, според годишното рангирање „Brand Finance Global 500“, објавено денеска.
Препорачано
Второто место на листата повторно го зазеде „Мајкрософт“, чија вредност се зголемила за 35 отсто на 461,1 милијарда долари. Третото место му припадна на „Гугл“ со пораст од 24 отсто на 413 милијарди долари, а четвртото место му припадна на „Амазон“, со пораст од 15 проценти на 356 милијарди.
Брендот „Волмарт“ се искачи од шестото на петтото место, а неговата вредност пораснала за 42 отсто, на 137,2 милијарди долари.
Во првите десет највредни брендови се уште и „Самсунг“, „ТикТок“, „Фејсбук“, „Нвидиа“ (која првпат е во топ 10) и „Државната корпорација за мрежи на Кина“ (СГЦЦ).
„Дојче Телеком“ е на 11-тото место и тоа е највредниот европски бренд на листата. Неговата вредност лани се зголемила за 16 отсто, на 85,3 милијарди долари.
Топ 500 највредни брендови вклучуваат 193 американски компании, кои сочинуваат повеќе од половина од вкупната „вредност“ на целата листа.
Кина на листата е претставена со 69 брендови, а Германија со 27.


