Епидемиологот дава 5 причини зошто: Овој нов бран на зараза со делта сојот може нагло да се зголеми

Фото: Flickr

Доктор Мајкл Остерхолм, директор на Американскиот центар за инфективни болести смета дека сме далеку од крајот на приказната ковид-19.

Делта сојот сѐ уште не ја завршил својата приказна ширум светот, а летото му помогна полесно да се шири, што би можело да се случи и наскоро со враќањето на децата во училишните клупи.

– Искрено можам да кажам дека порастот на бројот на случаи само ќе се расте – додал епидемиологот Остерхолм. Тој појаснил зошто мисли дека овој бран на коронавирусот всушност би можел екстремно да порасне.

  1. ЗДРАВСТВЕНИТЕ СИСТЕМИ СЕ ОПТОВАРЕНИ

И оваа информација се однесува на системите ширум светот. Што се однесува до Америка, конкретно Флорида, луѓето кои се многу болни мора да чекаат со часови да добијат лек. Огромен е бројот на пријави на луѓе кои имаат и други здравстени состојби, како болести на срцето, повреди, а кои не можат да дојдат на ред. Системот можеби не е урнат, но секако е свиткан – појаснува д-р Остерхолм.

  1. НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ВРАЌАЊЕ НА СТАРИТЕ БРОЈКИ

– Едноставно не знам до кога ќе се зголемува бројката на заболени. Втора работа на која немам одговор е дали ќе биде како во некои други земји, како Јужна Америка или Англија – кога делта сојот од точка А стаса до точка Б и повеќе не се врати на точка А, туку премина на точка Ц, како во Англија каде што, наместо високата бројка да се спушти на 1.000 случаи од почетокот на приказната, се случи пикот на заразата од 47.000 лица се спуши на само 32.000 – вели лекарот.

  1. ВАКЦИНИТЕ СЕ НЕВЕРОЈАТНО БЕЗБЕДНИ

Медиумите во моментот на одобрување на вакцините, малку ја нагласуваа сигурноста на мРНА вакцините: „Единствени проблеми се поврзани со оние што имале миокардитис или перикардитис“. Во тие случаи некои лица биле хоспитализирани, но генерално сите се опоравени. Кај повеќето се работело за блага форма. Никој не починал од 180-те милиони лица колку што се вакцинирани, а тоа е важна бројка. Лично би сакал другите лекови да се толку безбедни. Значи, мора да сфатиме дека овие вакцини не се безбедни, туку се неверојатно безбедни – додава д-р Остерхолм.

  1. УЧИЛИШТАТА НЕ СЕ БЕЗБЕДНИ

Лекарот истакнува дека има пет внуци за кои смета дека треба да имаат однос со наставниците очи в очи. Но, д-р Остерхолм смета дека насоките дека е безбедно повторното отворање на училиштата наведуваат на погрешен пат.

Овој вирус се движи брзо и помеѓу децата, а науката ни вели дека со делта сојот е потполно невозможно да се отворат училиштата и да нема голем пренос на вирусот.

– Верувам дека не сме осамен случај, но креветите за интензивна нега на педијатрија се пополнети, па ако детето ви се разболи можно е да стравувате од тоа дека за вашето дете нема да има места во болницата, но и дека недостасува персонал кој би се грижел за него. Потребно е драматчно да се намали стапката за ширење на заразата кај децата – предупредува тој.

  1. ТРЕБА ДА НОСИТЕ ВАКВИ МАСКИ

„Всушност, можете многу да направите по прашањето за спречување на вирусот ако носите квалитетна маска. Знаеме дека платнените маски не функционираат многу“, истакнува лекарот и додава дека треба да се носат маски Н96 и КН95, или визир.

За потсетување, најчестиот пат на пренесување на ковид-19 е по капков пат. Капките можат да дојдат во контакт и да заразат здраво лице во радиус од еден метар. Во насока на тие сознанија, како превентивна мерка се препорачува носење маска за лице, често миење на рацете и дезинфекција, како физичка дистанца и намалување на близок контакт.

Маската за лице може да спречи ширење на капките кога заразена личност зборува, пее, кашла или кива. Секако, треба да се избегнува допирање на лицето, особено на очите, устата и носот, бидејќи слузницата која ги прекрива е најчувствителна на вирусното пренесување. Важно е да се нагласи и правилното носење на маската за лице. Маска која целосно не ги покрива устата и носот или премногу често повеќепати се користи во голема мера резултира со варијации на безбедноста на маската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот