ЕП: Само проверен производ може да се пласира на онлајн пазарот

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европскиот парламент ги одобри ревидираните правила за безбедност на непрехранбените производи, усогласувајќи ги постојните правила со најновите случувања во дигитализацијата и растот на онлајн купувањето.

Се предвидува дека новите правила ќе им заштедат на потрошувачите околу една милијарда евра во првата година и приближно 5,5 милијарди во следните десет години.

Со намалување на бројот на небезбедни производи на пазарот, новите мерки треба да ги намалат и штетите предизвикани од несреќи предизвикани од такви производи.

Инаку, се проценува дека денес изнесува 11,5 милијарди евра, а трошоците за здравство се околу 6,7 милијарди евра годишно. Во 2021 година, 73 отсто од потрошувачите купувале производи преку Интернет, што е за 50 отсто повеќе отколку во 2020 година.

Патем, статистиката покажува дека во 2020 година, 26 проценти од известувањата за опасни производи се однесуваат на производи што се продаваат преку Интернет, а 62 проценти за предмети кои пристигнуваат надвор од ЕУ.

Новите прописи ја менуваат ситуацијата и првенствено ќе се погрижат сите производи што се продаваат на интернет или во традиционални продавници да се усогласат со највисоките безбедносни барања. Регулативата ќе стапи во сила 18 месеци по нејзиното донесување, пренесува Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот