Принцот Ендру ќе се грижи за Мјуик и Сенди, кучињата на кралицата Елизабета

Кралското семејство и нивните кучиња, 1937/Profimedia

Британското кралско семејство веќе со децении одгледува иста раса на кучиња, а тоа е расата корги. Љубовта на кралицата кон овие мали кучиња датира од 1944 година, кога нејзините родители и го подариле првото куче – женка Сузан, како подарок за нејзиниот 18-ти роденден. Од Сузан потекнуваат повеќето кучиња корги кои биле во дворот на кралицата.

Љубовта кон расата корги беше забележана и во јуни за време на прославата на 70 години од нејзиното владеење, а беше организирана и трка на овие кучиња.


Кучињата Мјуик и Сенди се последните кучиња по смртта на кралицата од повеќе од 30-те кои живееле во палатата.

Портпаролот на принцот Ендру, кој е третото дете на кралицата, изјавил дека принцот ќе се грижи за кучињата Мјуик и Сенди, по смртта на неговата мајка.


Ендрју често беше претставуван како „омилен син на Елизабета Втора“, но тој се повлече од очите на јавноста откако тој плати неколку милиони долари оштета поради обвинението за сексуален напад во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот