Елена Ристеска / Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Емотивна приказна: Ова нешто засекогаш ги поврзува Елена Ристеска и Вања Лазарова

Емотивна приказна од минатото раскажа поп-ѕвездата Елена Ристеска на социјалните мрежи.

Таа сподели спомен од еден од најзначајните настапи во нејзината кариера, заедничкото појавување на сцената со доајенот на македонската народна песна, Вања Лазарова.

Настапот, кој се одржа во Античкиот театар во Охрид во јуни 2011 година, останува врежан како моќен спој на традицијата и модерната поп-музика. Но, она што дополнително ја прави оваа соработка посебна е еден помалку познат биографски детал кој ги поврзува двете пејачки.

Покрај заедничката љубов кон музиката и македонскиот мелос, важно е и дека Елена и Вања се родени на ист датум, 27 април. Оваа коинциденција само ја потврдува нивната судбинска поврзаност и меѓусебната почит што ја негуваа низ годините.

„Вечна ти слава, Вања“, стои во емотивната порака на инстаграм-профилот „risteskalegacy“, која Елена ја сподели со своите следбеници.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Вања Лазарова, која почина на 12 март 2017 година, остави неизбришлива трага во македонската музичка историја, а ваквите спомени се потврда дека нејзиното наследство продолжува да живее преку помладите генерации македонски музичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот