Ребека / Фото: Фејсбук/Ребека Јанковска - Ристески

Емотивна приказна на Ребека за Игор Џамбазов, ѝ го подари највредното нешто

Ребека Јанковска – Ристески сподели емотивен спомен во кој се појавува и нејзиниот пријател Игор Џамбазов.

Станува збор за песната „Нешто убаво“, која е напишана пред цели 25 години, а и денес се пее како лична приказна на многумина. Ребека откри дека оваа песна Џамбазов не ѝ ја наплатил, туку ѝ ја подарил.

„2001. 25 години ја слушате ‘Нешто убаво’. Тоа е една од песните што ги напиша и ми ги подари мојот драг и почитуван пријател Игор Џамбазов. Песната ја обоија и дадоа особен придонес Дики Тавитјан – аранжман и бас, Гарабет Тавитјан – гитара и Гаро Тавитјан – тапани. До ден-денес се пее насекаде, инспирација и мотив на многу луѓе, на емисијата ‘Нешто конкретно’, звукот и музиката која ја бои атмосферата, препеана од неколку пејачи. Ви посакувам секој ден да ви биде специјален и не заборавај: ТИ МОЖЕШ, ТИ САКАШ И ТИ ЗНАЕШ. На здравје!“, напиша Ребека на Фејсбук.


Ребека потоа сподели вреден спомен – насловна страница од тогашната ревија „Екран“, каде што на крајот од 2001 година излегла на насловна страница.

„Црпам сила од љубовта што ја добивам од децата, од Господ, од помислата дека нема спасение без мака и затоа што знам да бидам трпелива и да се радувам на малите нешта. Ме исполнува чувството на среќа, задоволство кога ќе му го разубавам денот некому. Ме радуваат и ме крепат ретките луѓе околу мене – мајка ми, свекрва ми, пријателите“, рече Ребека, која е мајка на три сина, во едно интервју за „Слободен печат“.

Интервју со Ребека Јанковска-Ристески, пејачка: Утрата кај баба ми и дедо ми за Велигден и денес ми се најубавиот спомен за празникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот