фото: ФФМ

Емотивна порака од Џани до соиграчите: Ми се кине срцето што не сум со вас…

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја очекува голем предизвик против Данска во полуфиналниот бараж за Светско првенство во фудбал 2026, а селекторот Гоце Седлоски ќе го има своето деби на клупата во исклучително важен момент.

Сепак, во составот ќе недостасува еден од стандардните репрезентативци, Езѓан Алиоски. Иако првично беше повикан, Алиоски отпадна поради повреда и нема да може да им помогне на соиграчите на теренот во Копенхаген.

Но, поддршката од него нема да изостане. Популарниот Џани испрати емотивна порака до тимот и целата јавност:

„Денес носиме повеќе од само дрес! Сè што сме, сè за што сме работеле, се сведува на овие 90 минути. Ми се кине срцето што не можам да бидам таму на теренот со вас. Би дал сè за да се борам покрај вас. Но, ви ветувам: со вас сум во секој чекор, секој дуел, секој шут. Излезете таму и играјте со гордост. Со срце. Со оган. Борете се еден за друг како да е најважната работа во вашите животи. Да постигнеме денес нешто со кое целата наша земја ќе може да се гордее. За нас. За тимот. За Македониј. Дајте сè од себе… и повеќе!“

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Паркен стадион во Копенхаген, со почеток од 20:45 часот, каде Македонија ќе се обиде да направи голем чекор кон мундијалскиот сон.

ВИДЕО | Сонуваме за нешто слично и вечерва: Македонија со три гола за 20 минути ја победи Данска пред 13 години

ФОТО: Конфликтот на страна кога игра Македонија – Мрме испрати поддршка до фудбалерите

Maкедонија вечерва сака уште едно чудо и билет за ново финале во мундијалскиот бараж

Maкедонија вечерва сака уште едно чудо и билет за ново финале во мундијалскиот бараж

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот