Елена Макалоска (85) е најстариот излекуван пациент од Ковид-19 во Прилеп

Општата болница во Прилеп на Фејбсук објави дека сумдесет и пет годишната Елена Макалоска е најстариот излекуван пациент од Ковид-19 во овој град.

-Денес имаме и причина за славење.Најстариот излекуван пациент од ковид- 19 во нашето инфективно одделение. 85 годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал, споделија од болницата на Фејсбук.

Според вчерашната статистика, во Прилеп вчера се регистрирани четворица излекувани пацинети од вкупно 36 во цела држава.

Бројот на заболени во овој град е 143 од вкупно 1 421 заболен од ковид 19 во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот