Протест на рударите во Боливија/Фото: EPA/LUIS GANDARILLAS

ВИДЕО | Експлозии и судири во Боливија — рудари бараат оставка од претседателот

Дел од демонстрантите директно побараа оставка од претседателот Паз, кој е на функцијата само шест месеци. Тој победи на изборите со ветување дека ќе ја стабилизира економијата и дека ќе спроведе пазарни реформи.

Жестоки судири меѓу рудари и полицијата избиjа во центарот на боливиската престолнина Ла Паз, каде демонстрантите бараат оставка од претседателот Родриго Паз, објави „Ројтерс“.

Тензиите ескалирале кога групи рудари се обиделе да стигнат до плоштадот „Муриљо“, каде се наоѓа претседателската палата. Според изјавата на сведоци на настанот, за време на хаосот се слушале експлозии, а дел од демонстрантите фрлале динамит кон полициските кордони.

Протестите доаѓаат во период на сè подлабока економска и енергетска криза во Боливија. Рударските синдикати бараат поголем пристап до гориво и експлозив, промени во договорите и нови регулативи за рударскиот сектор.

На улиците излегоа и земјоделци и други синдикални групи, незадоволни од растечките цени, недостигот на долари и од падот на домашното производство на енергија.

Дел од демонстрантите директно побараа оставка од претседателот Паз, кој е на функцијата само шест месеци. Тој победи на изборите со ветување дека ќе ја стабилизира економијата и дека ќе спроведе пазарни реформи.

Боливиските власти соопштија дека веќе се воделе разговори со протестантите за субвенциите за гориво, социјалната помош и за измените на аграрниот „закон 1720“, кој претходно беше повлечен по притисок од домородните и од руралните организации.

Непосредно пред судирите, околу 20 претставници на рударите влегле во претседателската палата на итна средба со претседателот Паз и со дел од министрите, според „Ројтерс“.

Директорот на ЦИА слетал во Хавана, се сретнал со првиот човек на кубанската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот