Илустрација - жени во градници / Фото: Pexels

Експертка открива четири знаци кои покажуваат дека носите погрешна големина на градник

За многу жени, купувањето нов градник може да биде или мака, наместо уживање. Веројатно сте слушнале дека повеќето жени носат погрешна големина на градник, но дали сте се запрашале дали и вие сте една од нив? Ако е така, не сте сами.

Според една експертка, постојат четири јасни знаци што можат да ви кажат кога е време повторно да се измерите, но исто така предупредува дека градникот што не ви одговара може да предизвика болни осипи. Професионалната консултантка за градници, Мeри Томас-Веланд ги сподели своите совети за секоја жена што бара нов градник.

– Многумина од нас се сомневаат дека носат погрешна големина на градник, но не сме 100 проценти сигурни – рекла таа.

Лентата се крева нагоре позади

Еден од главните знаци дека вашиот градник не ви одговара правилно, вели Томас-Веланд, е лентата што „се крева нагоре позади“. Ова значи дека задниот дел од вашиот градник не е во ниво со предниот дел.

– На крајот на денот, мора да се протегнете со рацете до половина од грбот за да го откопчате градникот – објаснила таа, додавајќи дека ременот за градник треба да стои цврсто и хоризонтално преку грбот за да обезбеди соодветна потпора.

Постојано ги затегнувате бретелите

Експертката, исто така, откри дека постојаното затегнување на бретелите исто така не е добар знак. Иако може да изгледа како брзо решение, всушност укажува на поголем проблем.

– Ако носите вистинска големина, не треба да да го прилагодувате и преместувате тој дел од градникот толку често. Причината зошто мора да го правите тоа е затоа што не чувствувате доволно потпора напред, па се обидувате да добиете поголема потпора- рекла таа.

Главната потпора треба да дојде од лентата за градник, а не од бретелите.

Жица што се врежува во вашата кожа

Кога го купувате вашиот следен градник, треба да се осигурате дека жицата не се врежува во вашата кожа. Жицата треба удобно да стои на вашите гради, а не на самото ткиво на градите.

– Жицата или работ на корпата никогаш не треба да биде врежано во ткивото на градите. Треба да биде само околу него. Ако корпата се врежува во ткивото, тоа е јасен знак дека носите погрешна големина бидејќи корпата е премногу мала – нагласила таа.

Иритација и осип

На крај, но не и најмалку важно, ако „се јавува иритација на кожата“, предупредила Томас-Веланд. Овој непријатен феномен, познат како триење, обично се јавува на долниот дел од градите или околу ткивото на градите од страна, поблиску до пазувите.

Според експертката, „иритацијата се јавува кога ткаенината постојано се трие од кожата, а тоа се случува кога градникот е преголем“, бидејќи материјалот се движи и на тој начин создава триење.

Многу жени ги споделија своите фрустрации од купувањето градник.

„Се обидувам да најдам нов градник, а големините што ми се потребни се сосема различни во различни продавници. Разликата е смешна“, споделила една корисничка; „Ги имам сите овие проблеми и без разлика што правам, не можам да најдам таков што ми одговара. Тоа е пекол“, додала друга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот