Експертите за долговечност откриваат пет навики кои го продолжуваат животот

стареење жени
Фото: Профимедиа

Експертите за долговечност споделија како можеме да станеме SuperAgers, група на луѓе која ги дефинира возрасните лица кои имаат капацитет на памтење како луѓе кои се најмалку три децении помлади. Тоа се луѓе во 70-тите или 80-тите години од животот кои имаат когнитивна или физичка функција еднаква на онаа на луѓето со децении помлади.

Како што пренесува „Хафингтон пост“, експертите споделија пет главни навики кои можат да ни помогнат да живееме што е можно подолго. Тие се, всушност, многу едноставни за воведување во секојдневниот живот.

Редовно движење на телото

„Многу истражувања покажуваат дека секојдневното движење на телото е поврзано и со долговечноста и со здравото стареење“, објаснува вонредната професорка по геронтологија Џенифер Алшир.

Таа додава дека не мисли исклучиво на вежбање кое вклучува одење во теретана, трчање или слични активности, иако секако тие добро влијаат на здравјето. Под секојдневно движење професорката подразбира активности како градинарство, изработка на ракотворби или работа низ куќата.

Одењето е исто така важно, а Алшир додава да избегнуваме долготрајно седење во текот на денот колку што е можно повеќе.

„На сите ни е малку тешко да избегнуваме седење бидејќи повеќето работиме на компјутер“, објаснува таа и додава дека во текот на животот треба да бидеме што е можно повеќе физички активни во слободното време.

Вклучување во друштвени активности

Професорката објаснува дека луѓето кои „добро стареат“ редовно се дружат со луѓе, без разлика дали поминуваат време со семејството или пријателите, волонтираат или поминуваат време на работа со колегите.

Повеќе истражувања покажаа дека луѓето со развиени и силни социјални врски живеат подолго и имаат подобро когнитивно и физичко здравје, пренесува „Хафингтон пост“.

Направете сè што можете за да го намалите стресот

Помеѓу работата, здравјето и семејните проблеми, животот е често многу стресен. Но, одржувањето на умот и телото во добра форма значи намалување на непотребниот стрес по секоја цена.

Алшир објасни дека многу од SuperAgers кои учествувале во истражувањето откриле дека избегнуваат да бидат под стрес во многу ситуации што можат да ги контролираат.

„Некои [SuperAgers] во основа ми рекоа: „Не се мешав во туѓи драми и се трудев да не бидам многу лут, да не бидам под голем стрес“, рече Алшир. „Ми остави впечаток тоа што тие барем го избегнале стресот до степен до кој можеле – тие не си создале сопствен стрес“.

Предизвикајте го вашиот мозок

Како што објаснува Алшир, когнитивната стимулација е исто така важна за здраво стареење, а постојат голем број начини на кои можете да го предизвикате вашиот ум додека стареете.

„Никогаш не си премногу стар за да научиш нов јазик, нов начин да свириш инструмент или да правиш нешто што навистина ти претставува когнитивен или ментален предизвик“, објаснува таа.

Сепак, клучно е тоа искуство да го направите ментално стимулирачко. Со ова се согласува и Тамара Гефен, доцентка во Центарот за когнитивна неврологија и Алцхајмерова болест Месулам на Медицинскиот факултет Фајнберг, кој истакнува дека, ако одредена задача ви предизвикува паника, немојте да се трудите.

Одвојте време за работи во кои уживате

Кога сè ќе се согледа на крајот на денот, Алшир посочува дека здрави стари луѓе се „оние кои прават работи што ги прават среќни и исполнети“. Со ова се согласила и Гефен, која истакнува дека „во зависност од тоа дали некој има луксуз да го направи тоа, една препорака е да се вклучите во активности кои се интересни, пријатни, мотивирачки и без стрес“, пренесува „Хафингтон пост“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот