Експерти за членството во НАТО: Македонија сега е побезбедна

Денеска се одбележа четиригодишнина од членството на Македонија во НАТО. Според експертите Македонија благодарение на тоа што е дел од најголемиот воено-политички сојуз е побезбедна за разлика од претходно.

„Тоа го гледаат и граѓаните и партиите. НАТО и ЕУ, или евроатлантската интеграција на Македонија е стратешки правец за нашата земја. Едниот дел е остварен, делот со НАТО, и сега ја гледаме важноста на членството во НАТО. Денеска, во 21 век, безбедносните предизвици не доаѓаат само од физичка, вооружена агресија. Да не бевме членка на НАТО ќе бевме заедно со Косово и БиХ кои се недефинирани територии. ЕУ сега дава сигнали дека сака да му посвети внимание. Србија не сака да влезе во НАТО. Ако не бевме членки на НАТО нашите проблеми со соседите, со Бугарија, па и со Грција, нашите проблеми ќе беа многу посилно изразени. Тоа што сме членки на НАТО значи дека Алијансата има интерес за нас“, вели Љупчо Зиков во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Според новинарот Исен Салиу, ние ништо не изгубивме од членството во НАТО, само добивме.

„Условно дадовме жртва со промената на името за жал. Ние станавме членка на НАТО во време на пандемија кога се покажа колку е битно да се биде членка во една таква организација. Ние сме центар на Балканот и да имавме добра инфраструктура ќе имавме погоден терен за многу компании бидејќи оттука е најлесно да се покрие целиот Балкан, вели новинарот Исен Салиу во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Упатените се согласни дека мора да се исполни и долгоочекуваниот сон, Македонија да стане дел од европското семејство. Со тоа земјава ќе има уште повеќе придобивки и ќе оди напред, посебно во делот на економијата, инвестициите, политиката и безбедноста.

Веќе четири години Македонија е дел од најмоќниот воено-политички Сојуз во кој влезе по исполнувањето на потребните критериуми, но и по компромисот со Грција што значеше промена на уставното име. Според владиниот врв, отстапките вределе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот