Експерти од Алибаба, Спотифај и Вајбер доаѓаат во Скопје

Спотифај
Спотифај, една од најпопуларните светски платформи за вмрежен аудио пренос / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Над 25 домашни и странски експерти од 10 држави ќе присуствуваат на конференцијата за е-трговија во земјава што четврти пат ќе се одржи на 12 ноември годинава под мотото „Ready, set, grow!“. Меѓу учесниците најавени се и претставници од Вајбер, Алибаба и Спотифај.

На панел дискусиите и во неформалните разговори со учесниците на конференцијата, светските експерти ќе го пренесат своето искуство и знаења за можностите за раст на бизнисите во е-трговијата по многубројните адаптации направени речиси во сите сфери на работењето во време на пандемијата.

Организаторите на конференцијата најавуваат учество на директорката за глобални клучни клиенти, Шарон Гаи од Алибаба, на директорот за продажба за Централна и Југоисточна Европа од Вајбер, Константин Костадинов и на Ана Горка од Спотифај.

Конференцијата ќе се одржи во хибриден формат, односно со физичко присуство во хотелот „Хилтон“ и преку интернет.

– Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата, информираат организаторите.

Генерален партнер на конференцијата и годинава е „Мастеркард“, а „А1 Македонија“ е дигитален партнер. Организациски партнер е Фондот за иновации и технолошки развој.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот