ЕКСКЛУЗИВНО за УБ | Жерновски: Земји од ЕУ имале сериозни сценарија за спасување на Груевски ако биде уапсен

Андреј Жерновски / Утрински брифинг

Андреј Жерновски поранешен пратеник, градоначалник и заменик министер за надворешни работи ексклузивно за Утрински брифинг откри дека постоело сериозно сценарио што да се прави доколку поранешниот премиер, сега во бегтво, Никола Груевски заврши в затвор.

На јавноста од истрагите на СЈО досега ѝ беше познато само дека два месеци пред Груевски да побегне во Унгарија изнесувал пари надвор од земјата.

-Кога бев заменик министер за надворешни работи, во посета на Стразбур а не во Брисел, ми беше кажано дека можеби најдобра вест во тој момент беше бегството на Груевски… Едвај чекам да го видам тука. И верувам дека ќе се врати еден ден и ќе го вратат… во затвор секако. Ми беше кажано за едно сценарио што било подготвувано со друга земја од ЕУ за тоа што ќе прават доколку Груевски биде спроведен во затвор. Сериозно сценарио со посети и други настани, рече Жерновски за Утрински брифинг.

Жерновски не сакаше во овој момент во јавност да изнесува повеќе детали за овој случај, ниту за која држава и какви планови станува збор.

-Не можам да кажам за да не ги нарушам односите, но беше направено сериозно сценарио доколку Груевски се најде во затвор. Тоа е за да си ги остварат своите интереси и затоа сега да се пуштат овие пари во оптек за време на локалните избори, вели Жерновски.

 

ВИДЕО | Жерновски: Оптимист сум дека прогресивното мнозинство ќе состави влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот