Екс-репрезентативец на Македонија на 28 години ја заврши кариерата
Урдинов минатото лето потпиша договор на една година, но после само шест месеци ја напушти екипата на Вележ, а оваа информација ја потврдија и од клубот.
Како што пренесуваат босанските медиуми, изненадувачка одлука на нашиот лев бек, Јани Урдинов пред почетокот на оваа сезона потпиша за Вележ, но во мостарскиот клуб не се задржа долго.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Урдинов минатото лето потпиша договор на една година, но после само шест месеци одлучи да ја напушти екипата на Вележ, а оваа информација ја потврдија и од босанскиот фудбалски прволиваш.
Урдинов, кој има само 28 години, ја заврши кариерата, а во разговор за „SportSport.ba“ ја откри и причина за ваквиот потег:
– Во текот на паузата која ја имавме преку зима бев дома со мојата сопруга и децата. Кога се вратив им реков на луѓето од клубот дека нема повеќе да се занимавам со фудбалот. Сега ќе започнам сопствен бизнис, одлучив дека ми е најубаво со моето семејство. Супер ми беше во Вележ, на клубот му посакувам многу успеси – беа зборовите на Урдинов.
Во својата клупска кариера настапуваше за Рода, Работнички, Екранас, Железничар Сараево, Видзев Лоѓ, Шкендија, Фљамуртари, Височина Јихлава, Бохемијанс, Зира и Ружомберок.
Вкупно петпати го носеше дресот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација.


