Експретседателот Ѓорге Иванов учествува на глобалниот форум „Баку“ во Азербејџан

Екс претседателот Ѓорѓе Иванов на Форум во Баку/Фото: МИА

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествува на јубилејниот 10. Глобален Баку форум во Азербејџан, кој се одржува во периодот 9-12 март 2023 годинана, а е посветен на тема „Светот денес: предизвици и надежи“.

Како што соопштуваат од кабинетот на поранешниот претседател, форумот беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев, а учествуваат голем број актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, како и академици, истакнати аналитичари, новинари и др.

За време на форумот Иванов присуствуваше на сесиите на кои се дискутирало за предизвиците со кои во овие моменти се соочува мирот во Европа и светот, како и за проблемите од европското неинтегрирање на Западен Балкан, а имал и повеќе средби со други учесници на форумот.

Меѓународниот центар Низами Ганџави е основан во 2012 година, како меѓународна организација со седиште во Азербејџан која го слави наследството на големиот азербејџански поет Низами Ганџави. Со цел да се промовира знаењето, толеранцијата, дијалогот, разбирањето и споделените општества меѓу народите, културите и нациите, Меѓународниот центар Низами Ганџави организира настани на високо ниво во текот на целата година со учество на истакнати личности за проучување на можни решенија за итни и актуелни проблеми на нашето време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот