Фото: илустрација / Фејсбук

Ексдиректор на струмички „Комуналец“ си исплаќал пари за одмори и го оштетил буџетот за над еден милион денари

Поранешен директор на јавното претпријатие „Комуналец“ во Струмица, во 47 наврати ја злоупотребил службената положба и за над еден милион денари го оштетил буџетот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања и постапил спротивно на Законот за работни односи. Тој, повикувајќи се на Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во ЈП „Комуналец“ – Струмица, донесувал одлуки за исплата на паричен надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие. Притоа, во 2022 година по тој основ за него и за 24 други лица од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 593.259 денари, додека пак во 2023 година за него и за 21 друго вработено лице по тој основ од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 502.179 денари“ соопшти МВР.

Со таквите дејствија пријавениот го оштетил буџетот на јавното претпријатие за вкупен нето износ од 1.095.438 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот