Екс директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради интервју со принцезата Дајана

Profimedia
Фото: Профимедиа

 Поранешниот директор на британскиот јавен сервис Би-Би-Си Тони Хол, денеска поднесе оставка од функцијата претседател на управниот одбор на Британската национална галерија, откако беше критикуван за интервјуа со сега покојната принцеза Дајана од 1995 година.

Во извештај објавен во четвртокот, Хол е остро критикуван поради неуспешната истрага за тоа како новинарот Мартин Башир обезбедил интервју со принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година.

Образложувајќи ја својата оставка, Хол рече дека неговото останување во Британската национална галерија ќе биде „пречка за институцијата која многу ја сака”.

– Како што реков пред два дена, многу ми е жал за настаните од пред 25 години и верувам дека лидерството значи преземање одговорност, рече Хол.

Во извештајот од 126 страници, напишан од пензионираниот судија Џон Дајсон, се наведува дека Би-Би-Си, по интерна истрага, го прикрила „некоректното однесување” на Башир, кој не бил познат новинар кога ја интервјуирал Дајана.

Братот на Дајана, Чарлс Спенсер се пожали дека Башир користел лажни документи и други нечесни тактики за да ја убеди тогашната принцеза да се согласи на интервјуто.

Нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари, го обвинија Би-Би-Си по објавувањето на извештајот, велејќи дека постои директна врска помеѓу интервјуто во 1995 година и смртта на нивната мајка две години подоцна, затоа што таа тогаш бегаше од папараци.

Дајана во интервјуто изјави дека нејзиниот брак со принцот Чарлс пропаднал бидејќи тој сè уште е вљубен во неговата поранешна партнерка Камила Паркер, со која и ќе се ожени десет години подоцна.

Тогашната 34-годишна принцеза изјавила дека била во тешка депресија кога во 1986 година открила дека Чарлс ја обновил емотивната врска со Камила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот