Економската директорка на Заводот за физикална медицина пријавила злоупотреби, па ја прераспределиле на друго место!

Лекари во округот на Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, Миранда Шабани до Министерството за здравство доставила известување со одредени наводи за злоупотреби во Заводот.

Дописот со останатиот материјал доставен до Министерството за здравство, ќе се разгледа и ќе се постапи во рамки на законот. Што се однесува до мандатот на Шабани, на неа мандатот нема да ѝ се продолжи и ќе се прераспредели на друго работно место, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“. 

Инаку, утринава десетина новинарски екипи чекаа еден час пред капијата на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Козле.

Дел од вработените најавија штрајк, па се пишманија, или пак им беше задушен протестот и не излегоа надвор иако ги викнаа сите медиуми. Обезбедувањето доби наредба од директорот да не ги пушта новинарите и снимателите внатре. Според информациите што беа наведени во повикот за штрајкот, вработените не зеле плата.

Ама меѓу нив денес немаше јунак да го потврди тоа пред камера.

Директорот Мики Филев на телефон ни кажа дека сме грешка и дека не е тој на другата страна на линијата, а директорката Миранда Шабани писмено рече дека ќе одговори на прашањата зошто нема плата и дали е разрешена. До овој момент Шабани нема одговорено на новинарските прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот