Еколошка хаварија: Реката Брегалница обоена во бело, се шири мирис на лак

Од населбата „Македонка” па се до штипско Ново Село реката Брегалница е обоена во бело, а покрај неа се чувствува мирис на лак.

Во моментов екипа на крим-техника од Полициска станица – Штип прават увид по течението на река Брегалница, додека пак  членовите на спортското здружение „Брегалница” веќе два часа се на терен и бараат од каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница.

Бараат веднаш инспекторите за животна средина да излезат на терен, да земат мостри од реката и да се пронајде виновникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот