EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Екологистот Белерин за секоја победа на Арсенал ќе засади по 3.000 дрва

Дефанзивецот на „топчиите“, Ектор Белерин кој е познат како голем љубител на природата и животните ја користи секоја можност да укаже на еколошките проблеми.

Тој одлучи да се вклучи во акцијата „One Tree Planted“ и ќе засади по 3.000 дрва за секоја победа на Арсенал до крајот на сезоната во Премиер лигата.


– Ние фудбалерите често се фалиме со скапи „играчки“ како што се часовници или автомобили, но ретко правиме нешто што е навистина важно за планетата. Затоа се приклучив кон оваа акција со надеж дека варем малку ќе успеам да ја подигнам свеста кај навивачите но и кај моите колеги – изјави Белерин.

По тоа што Арсенал го прикажа на натпреварот против Манчестер сити тешко дека ќе успее во својата намера, „граѓаните“ славеа со 3:0 а тимот на Белерин одигра катастрофално. До крајот на сезоната треба се одиграат уште девет кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот