ЕК: Една четвртина од земјоделското производство до 2030 година да биде органско

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Европската Комисија (ЕК) денеска отвора јавна консултација за иднината на органското земјоделството, а целта е четвртина од производството во наредните десет години да биде органско, јави дописничката на МИА од Брисел.

Органското земјоделство ќе стане приоритетно за ЕК, вели еврокомесарот задолжен за оваа област, Јануш Војчеховски. За постигнување на таа цел ќе треба да се донесат дополнителни законски акти, за кои ќе треба да преговараат земјите членки и европратениците.

Меѓутоа, под притисок на одредени лоби групи како и на земји во и надвор од ЕУ, законската рамка за органско земјоделство што требаше да стапи на сила на 1 јануари во 2021 година, се одложува за први јануари во 2022 година.

Еврокомесарот тврди дека тоа не ги менува амбициите на ЕК.

– Органското земјоделство ќе биде клучен сојузник во транзицијата што ја водиме кон поодржлив прехранбен систем и подобра заштита на органскиот сектор. Комисијата ќе продолжи со поддршка на органскиот сектор и 25 отсто од земјиштето да биде искористено за органско производство до 2030 година преку соодветни политики и законска рамка, изјави Војчеховски.

Органското земјоделско производство користи природни супстанци и има помалку штетен ефект врз животната средина. Земјоделците кои работат органско производство користат значајно повеќе обновливи ресурси и внимаваат на заштитата на еколошкиот биодиверзитет, преку одговорна употреба на природните ресурси како водата. Под органско земјоделство се подразбира и многу построга заштита на животните и нивните потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот