ЕХФ ранкинг: Данска е прв фаворит за титулата на Европското првенство 2026
Последните подготовки се во тек, а 24 учесници на Европското првенство во ракомет во 2026 година за мажи ги имаат своите последни тест натпревари, пред почетокот на турнирот на 15 јануари во Данска, Шведска и Норвешка.
Препорачано
Земајќи ги предвид резултатите, номинациите и очекувањата, Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави ранкинг на репрезентации кои имаат поголеми шанси за освојување на титулата на претстојниот континентален шампионат.
Данска е прв фаворит да се најде на тронот, што би било трето злато за оваа скандинавска селекција по 2008 и 2012 година.
Предводени од селекторот Николај Јакобсен, тие се актуелни светски и олимписки шампиони.
Тие се и првиот противник на Македонија во првото коло од прелиминарната фаза (16 јануари, 20.30 часот) во групата Б во која се и репрезентациите на Португалија и Романија.
Данците ќе имаат и огромна поддршка во градот Хернинг, 15,000 навивачи во Јиске Банк Боксен ќе бидат нивниот осми играч во текот на натпреварите.
ЕП 2026
ЕХФ ранкинг
1. Данска
2. Франција
3. Исланд
4. Шведска
5. Германија
6. Португалија
7. Хрватска
8. Унгарија
9. Шпанија
10.Норвешка


