ЕГЗОДУС ВО ИСТАНБУЛ: Депортирани над 40.000 бегалци

Фото: Илустрација

Турција соопшти дека депортирала над 40.000 бегалци кои живеат во Истанбул и ги испратила назад во провинциите каде што првично биле регистрирани.

Кампањата, која траеше од јули до крајот на октомври, има за цел да го намали бројот на бегалци во најголемиот град и економски центар во Турција.

Земјата е домаќин на околу 3,6 милиони сириски бегалци – повеќе од која било друга држава, иако технички се под „привремена заштита” поради тоа што Владата не им нуди официјален статус на бегалци.

Според системот, тие мора да останат во провинцијата каде што првично биле назначени, а другите градови може да ги посетуваат само за кус престој.

Кабинетот на градоначалникот во Истанбул соопшти дека со помош на полицијата 42.888 мигранти биле вратени во нивните провинции меѓу јули и октомври, без да се прецизира нивната националност.

Во јули беше соопштено дека 547.000 Сиријци се официјално регистрирани во Истанбул и дека не се прифаќаат нови регистрации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот