Едуарда Аморим Талеска во стручниот штаб на македонската женска ракометна репрезентација

фото: facebook.com/EduardaAmorimOficial

Едуарда Аморим Талеска, добро познато име во нашата спортска и ракометна јавност, ќе биде во стручниот штаб на најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија.

Македонската снаа се промовираше во една од најдобрите леви бекови, со Бразил успеа во 2013 година да ја освои светската титула.

На клупски план најголемите успеси ги имаше со унгарскиот Ѓер со кој петпати доаѓаше до пехарот во Лигата на шампионите.

Покрај Аморим Талеска, во стручниот штаб на селекторот Љубомир Савевски ќе биде и Александар Царчев како тренер на голманите.

Нашите најдобри ракометари по настапот на Европското првенство, ги очекува бараж двомеч со Украина во април за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи годинава во Данска, Норвешка и Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот