Едноставна елеганција: Брижит Макрон во темно сино издание зачинето со нараквица (ФОТО)

profimedia

Првата дама на Франција уште еднаш покажа дека нема намера да отстапи од својот стил на облекување.

Брижит Макрон (66) го посети заедно со сопругот и претседател на Франција Емануел Макрон, кампот на женската фудбалска репрезентација, а нејзниот децентен аутфит за оваа прилика привлече големо внимание.

profimedia

Првата дама на Франција се појави на дружењето во многу едноставен краток темносин фустан со рамен крој и долги ракави.

Стајлингот го надополни со темносини салонки со потписот на Луј Витон, а и кај торбичката со иста нијанса и остана верна на познатата модна куќа. Од модни додатоци избра ненаметлива црвена нараквица.

profimedia

Брижит остана верна на својот препознатлив стил на облекување, односно едноставни комбинации со доза на елеганција.

Иако често пати е критикувана за своето облекување, Брижит не се откажува од својот стил, односно едноставната елеганција.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот