Ризикот од срцев или мозочен удар се зголемува една недела по оваа честа инфекција!
Високиот крвен притисок, зголемениот холестер, пушењето, дијабетесот, дебелината и физичката неактивност претставуваат најголеми ризици за срцев и мозочен удар. Освен овие фактори, семејната историја на овие здравствени проблеми, возраст и пол исто така играат многу важна улога во проценка на ризикот.
Препорачано
Неодамнешните истражувања, меѓутоа, укажуваат на тоа дека уринарните инфекции можат дополнително да ги зголемат шансите за срцев или мозочен удар, со најголем ризик забележан во првата недела по инфекцијата.
Уринарните инфекции се исклучително чести кај жените. Околу 60 отсто жени ќе доживеат барем една уринарна инфекција во текот на својот живот, додека тој процент кај мажите е значително помал, само 12 отсто. Оваа разлика може да се објасни со пократка уретра кај жените, која е поблиска до аналниот отвор отколку кај мажите. Инфекциите обично се појавуваат кога бактериите, особено Ешерихија коли, од кожата или од ректумот влегуваат во уринарната патека низ уретрата и патуваат до бешиката.
Вообичаени симптоми на уринарните инфекции вклучуваат честа и итна потреба за уринирање, пецкање при мокрење, матен или силен мирис на урина, како и болка или притисок во долниот дел на стомакот или грбот. Инфекциите обично поминуваат за три до седум дена со антибиотици, но потешките инфекции кои се шират надвор од бешиката може да потраат подолго.
Еден од главните проблеми со уринарните инфекции е нивната склоност за повторно појавување, особено кај сексуално активните жени и за оние кои користат дијафрагма како метод на контрацепција.
Овие инфекции можат да го зголемат ризикот од срцев или мозочен удар, бидејќи може да предизвикаат или да го влошат воспалението, што е природна одбранбена реакција на телото на инфекциите и повредите. Инфламацијата може да ги дестабилизира плаковите во артериите, со што се зголемува веројатноста дека ќе дојде до нивно пукање и формирање опасни крвни згрутчувања.
Во новата студија што ја спровеле истражувачите од Универзитетот во Кардиф, биле следени 2.300 луѓе од Британија постари од 30 години кои доживеале срцев удар, како и 2.800 луѓе кои претрпеле мозочен удар помеѓу 2010 и 2020 година.
Сите учесници пријавиле дека имале уринирани инфекции пред овие инциденти. Истражувачите утврдиле дека уринарните инфекции го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар во првата недела, како и повторно од 15 до 28 дена и од 19 до 90 дена по инфекцијата. Иако инфекциите со Ешерихија коли биле поврзани со понизок ризик од срцев удар, тие покажале поголем ризик од мозочен удар во споредба со другите бактерии.
Истражувачите признале дека ограничување на нивната студија е тоа што ризиците се пресметани од датумот на дијагнозите на уринарните инфекции, а не од точниот почеток на инфекцијата., пишува „Њујорк пост“.


