Една грешка со греењето може да биде фатална по здравјето: Многумина ја прават цел живот и затоа имаат влага и мувла

Фото: Профимедиа

Ладното време го зголемува ризикот од појава на мувла, а таа успева во влажни услови, па затоа е важно да бидете свесни како да ја отстраните брзо и уште поважно, да ја држите подалеку од вашиот дом. Многумина го намалуваат проветрувањето во своите домови за да ги намалат сметките за електрична енергија и да ги одржат своите домови топли, но тоа создава плодна почва за мувла.

Луѓето несвесно ја влошуваат ситуацијата со начинот на кој ја сушат облеката и се тушираат. Според зборовите на експертите, многу луѓе се трудат да ги држат прозорците затворени и да ја намалат вентилацијата во обид да ги намалат сметките за електрична енергија, но тоа може ненамерно да предизвика појава, односно пораст на мувла. Држењето на прозорците затворени можеби изгледа како идеален начин за загревање на вашиот дом, но тоа може да биде меч со две острици.

– Податоците покажуваат силна корелација помеѓу луѓето кои се обидуваат да ја намалат вентилацијата во своите домови за да заштедат енергија и растот на мувлата. Сите сакаме да најдеме начини да ги намалиме сметките за електрична енергија во постудените месеци, но одржувањето на топол, влажен воздух во затворен простор може да предизвика проблеми со мувлата. Мувлата не само што изгледа грозно, туку може да има последици по нашето здравје – рекол Николас Дониторн, шеф на техничките услуги во водечката експертска компанија за влага и мувла во Британија.

Тој, исто така, советувал дека постојат начини на кои луѓето можат да помогнат да се намали ризикот од појава на мувла, што би можело да биде инвестирање во одвлажнувач за намалување на влажноста, без отворање на прозорците.

– Ако проблемот и понатаму постои, неопходно е да се побара стручна помош, а не само да се варосува ѕидот – додава Николас, пренесува „Мирор“.

Експертите апелираат дека вентилацијата е од витално значење и дека без проветрување на домот, топлиот влажен воздух не може никаде да излезе. Ова значи дека, ако влагата нема каде да оди, може да се кондензира, зголемувајќи го потенцијалот за појава на мувла. Експертите открија некои од најдобрите начини како да ја избегнете мувлата.

Ова вклучува вентилација, особено по готвење или туширање. Избегнувајте сушење облека на радијатори, бидејќи тоа ја блокира топлината и ја спречува циркулацијата на воздухот. Ова исто така ослободува голема количина на водена пареа додека облеката се суши. Наместо тоа, користете машина за сушење или исушете го предметот на отворено ако е можно. Но, инвестирањето во одвлажнувач ќе помогне да се извлече целиот вишок влага.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот