Едит Пјаф го запознала младиот Тео кога била на самото дно: Тој останал покрај неа до смрт

Единствената Едит Пјаф беше жена по која воздивнуваше целиот свет. Нејзините песните будат емоции и денес, но, многумина не знаат дека нејзиниот живот не бил толку едноставен.
Французинката имала толку среќни, но и толку трагични моменти во нејзиниот живот. Ја изгубила својата ќерка, саканата личност, а исто така долги години се борела со депресија.
View this post on Instagram
„На крајот на краиштата, ние немаме контрола над своите животи. Храброста лежи во тоа да чекорите по својот пат до крај“, во една прилика рече Едит Пјаф.
Кралицата на шансоните во последните години од животот била физички кревка, исцрпена, но животот тогаш ѝ приредил уште едно изненадување.
View this post on Instagram
Тогаш Едит ја запознала својата последна љубов, францускиот пејач и актер, но и фризер Теофанис Ламбукас кој бил 20 години помлад од пејачката.
Се запознале кога тој ја посетил во болница и ѝ донел подарок од Грција во вид на кукла. Често доаѓал да ја посети, а на крајот ја запросил, а таа го одбила.
View this post on Instagram
Можел да поминува часови седејќи на пијано и слушајќи ја Едит Пјаф, а не го интересирало тоа што таа е постара од него, тешко болна во тоа време, бидејќи лекарите ѝ дијагностицирале артритис, а потоа и рак на црниот дроб.
„Водев ужасен живот, вистина е. Но, исто така, тој мој живот беше неверојатен. Затоа што пред се го сакав животот“, изјавила Едит.
View this post on Instagram
Младиот фризер станал втор сопруг на пејачката. Тие се венчале во црква, а обожавателите набрзо потоа почнале да го судат дека е со неа за пари.
Но, Ламбукас останал до неа до крајот на животот, читајќи ѝ песни, правејќи ѝ смешни скечеви, а останал со неа дури и кога таа престанала да го препознава. Нивната љубов траела само 11 месеци.
„Не го заслужив мојот Тео, но сепак го добив…“, рекла таа пред смртта.
View this post on Instagram
Едит умрела во сон на 10 октомври 1963 година, а по нејзината смрт Тео останал со долгот на пејачката од 45 милиони франци. Таа пред смртта останала без пари кои ги потрошила на дрога и забава. Живеела на сметка на нејзиниот сопруг. Тео починал 7 години подоцна и е погребан до Едит Пјаф.