Еден ден откако исчезна, белорускиот активист пронајден обесен на дрво во Киев

Фото: EPA-EFE/STR

Белорускиот активист и шеф на невладина организација која им помагала на сонародниците кои бегаат од Белорусија поради репресија, Виталиј Шишов, откако вчера беше соопштено дека исчезнал во Киев, денеска беше пронајден мртов. Неговото тело било најдено обесено во парк во Киев, пренесува Би-Би-Си.  

Шишов, шефот на организацијата „Белоруска куќа во Украина”, во понеделникот утрото отишол да трча, но не се вратил и не одговарал на телефонските повици.

Центарот за заштита на човековите права „Весна“ соопшти дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“. 

Шишов исчезна истиот ден кога на белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја ѝ беше одобрена хуманитарна виза за Полска. 

Полицијата го следи случајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот