ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од два отсто, а во 2024 од три проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива.

– Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи. Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава.

ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2 отсто во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4 проценти.

Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5 проценти, Албанија и Хрватска 2,5 проценти, Грција 2,4 проценти, Србија 1,8 проценти, Бугарија 1,6 проценти, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот